| |

ГДУ- КУМАНОВО: ДАЛИ КУМАНОВО ПОТСЕТУВА НА ЕВРОПСКИ ГРАД ИЛИ НА СРЕДНОВЕКОВНА КАСАБА?

„Вчера славевме 75 години слобода на Куманово. Јубилејот ни се погоди со еден уште поголем – 500 години Куманово. Град кој со векови се развиваше, денес е дом на граѓаните кои во него живеат и создаваат.

Убави се сите оние манифестации и концерти кои беа организирани за да се одбележи овој јубилеј. Убаво е се што се прави за народот наш напатен. Тука нема компромис, туку едноставно јасна и јавна поддршка за организаторите.
Меѓутоа гламурот од овие неколку дена не смее да не занесе. Не смееме да си помислиме дека животот е розов и дека ја живееме нашата бајка. Уште еднаш вистината не враќа во суровата и болна реалност. И тоа ни дојде овие денови преку странци, посетители на нашиот град. Тие се прошетаа малку по градот и ја снимија својата сторија, која овде ви ја пренесуваме преземена од сајтот off.net.mk.

Сторијата е од руски авантуристи кои снимаа во Хотел Кристал, во Житомел, на улиците и на плоштадот во Куманово и од сето тоа изведоа заклучок дека сме жртва на пропаднатиот социјализам како идеологија. А ние, кумановците повеќе од јасно го гледаме тоа секој ден. Ние тоа го чувствуваме.
Граѓанско Демократска Унија- Куманово праќа апел до сите надлежни органи на локалната власт ако веќе не можат или не сакаат лично да ги посетат овие места, барем да го гледаат видеото кое е споделувано. Ќе видат всушност каде живееме сите ние и што всушност му треба на ова наше Куманово.

Дали Куманово потсетува на европски град или на средновековна касаба? Дали нашето домашно е завршено или само почнуваме од насловот? По сликите од видеото имаме места кои и те како потсетуваат на еден пропаднат систем, но и опоменуваат дека за нив мора да се бара решение. Имаме полни раце работа. Редно е да се почне со средување на Куманово“, напишаа на својата официјална страна ГДУ-Куманово.



Слични Објави