| |

ГДУ-КУМАНОВО: ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ГО ЗАЦРНИЈА СЈАЈОТ ОД 500 ГОДИНШНИНАТА НА КУМАНОВО

„Почитувани, заврши раскошот на прославата 500 години Куманово. Одбележан беше јубилејот со кој ретко кој град во Македонија може да се пофали. Сега повторно сме вратени во реалноста. А таа да ти била скоро како пред 500 години. Далеку сме од светска метропола по сите теркови.

Ѓубре и депонии на сите страни. Загадена природа, загаден воздух. Ниту минималните услови за живот на нашите граѓани не може да се каже дека се исполнети. Правото на гол живот не ни е испочитувано, а не камо ли да бараме соодветен квалитет на воздух, почва, вода. А се нешто се работи. Меѓутоа резултатите далеку од потребното. Значи мора да се менува постапката и да се бараат нови начини за постигнување на саканото. Исти акции постојано даваат исти резултати, без оглед колку и да ги повторуваме.

Дивите депонии и загадувањето на реките и воздухот ќе мора да повлечат прекршочни или кривични санкции за сторителите. Значи доста беа активности само за чистење и санирање. Сега се на ред инспекциите и полицијата кои треба да ги решаваат, согласно на овластувањата. Локалната власт мора да покаже истрајност за решавање на овој проблем. И еднакво постапување со сите загадувачи, без оглед кои се и на која партија припаѓаат.

Граѓанско-Демократска Унија Куманово бара да се пристапи крајно сериозно кон решавање на проблемот на загадување на воздухот, водата и почвата во нашата општина. Проблемот зеде преголем замав за да го игнорираме. Затоа сите држави институции на терен и да видиме резултати што е можно побргу. Нашето здравје нема време да чека“, се вели во соопштението на ГДУ-Куманово.

Слични Објави