ГДУ-КУМАНОВО: ОПРЕМАТА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА ВЕЌЕ НЕ НИ Е ПОТРЕБНА?

//

„Опремата за дезинфекција веќе не ни е потребна? Дали ја заврши својата задача или веќе нема интерес истата да се оддржува и користи?

Кога се поставуваше на крајот на март, беше најавена како голем придонес во борбата против вирусот. Сега вирусот е победен или? Во време кога уште имаме заболени во Куманово никој веќе не ги дополнува резервоарите за дезинфикационо средство, а ниту ги контролира и поправа поставените дезинфикациони пунктови. Останаа да стојат како ѓубре на местото на кое се поставени. Имаше несовесни граѓани кои украдоа или оштетија делови од нив, ама Општината требаше да ги оддржува. Сега кога веќе ниту еден од нив не функционира, барем оној кој ги постави (со дозвола на Општината) да ги отстрани затоа што останаа како пречка на сообраќајот, а корист никаква.



И кога беа активни прашање е што дезинфицираа и колку беше успешно. Сега одговорот барем е јасен- подобро да ги нема веќе на улиците. Час поскоро да се отстранат. Не мора да се чека изборната кампања, па да се добиваат поени. И онака борбата за гласови ќе се одвива во виртуелната реалност“, се вели во соопштението на ГДУ-Куманово.



Претходна статија

СЕ БАРААТ РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕВОЈЧЕ ПРОНАЈДЕНО НА БИТ ПАЗАР

Следна статија

ПРИПАДНИК НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ПЕНДАРОВСКИ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

Најново од Вести