| |

ГДУ: НЕ ГИ ЛАЖЕТЕ ГРАЃАНИТЕ!

Едните го создадоа проблемот, а другите го надградија и проширија, и денес сме сведоци како создаваат уште поголем хаос.

Лудилото со јавната администрација мора да заврши. Очајни се обидите на ДПМНЕ и СДСМ за префрлање на топката, зошто сите се свесни дека таму каде што претходните застанаа, сегашните само продолжија. Партиска книшка и вработување на мајки, стрини, синови, тетки, братучеди.

Администрацијата ни е неспособна и тоа мора да си го признаат и едните и другите. Ја преполнивте и сега се мислите како да ја намалите. Вината е ваша и на СДСМ и на ДПМНЕ, зошто вас не ве интересира квалитетот, не се вработува по стручност и она што се вика МЕРИТ систем, напредување според заслугите. Но и оние што се квалитетни и партиски неопределени се ставени во некоја архива и никој не го искористува нивниот потенцијал. И после се чудиме зошто висококвалификуван кадар ни бега од земјата. Зошто ги омаловажувате и ги потценувате оние кои нема да ви покажат партиска книшка?!

Затоа реформите треба да почнат од изборот на раководните лица во администрацијата. Тие треба да се бираат преку една транспарентна постапка.

Еден месец пред објавување на извештајот од ЕК ние немаме ни „р“ од реформа во јавната администрација, а зборуваме дека вратата од ЕУ ни била подотворена. Ама кампања е, па тешко е да се каже дека проблемот кој е огромен ќе мора да се решава бавно и болно.

Ниту сте чесни, ниту искрени со граѓаните на оваа држава.

ГДУ постојано укажува на проблемот со администрацијата и ќе продолжиме да предупредуваме за последиците, но и отворено пред граѓаните ќе зборуваме за проблемот.



Слични Објави