| |

ГДУ-ШТИП ДО ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ: СО ТОА ШТО НЕ ГО ЧУВАТЕ ВЕЌЕ ИЗГРАДЕНОТО НЕ ИМ ШТЕТИТЕ НА ДПМНЕ ТУКУ НА ГРАЃАНИТЕ

„По којзнае кој пат од негрижа се уништуваат веќе изградените нешта. Со тоа што нема да се грижите за нештото и дозволувате да се уништи, не им фрлате лоша сенка на претходната политичка гарнитура, бидејќи истото не е изградено од нив, туку од граѓаните. Само е изградено во нивно време на владеење, но не и од нив. Со тоа не им го уништувате нивниот двор, туку уништувате тоа што е од граѓаните и за граѓаните.

Барем кога веќе се нема потенцијал, желба и знаење за градење на ново, дајте барем сочувајте го веќе изграденото. Во европските земји, кога се сменува политичката гарнитура, прво што прават е тоа што ги продолжуваат проектите на претходната гарнитура и ни на крај памет не им текнува да не се грижат за започнатото или веќе изграденото. Повторуваме, тоа не се проекти на ДПМНЕ, бидејќи никој не донирал сопствени средства за нив. Тоа се пари на граѓаните.“, стои во соопштението на локалниот клуб на Граѓанско Демократска Унија-Штип.



Слични Објави