Претседателката на Бугарија Илијана Јотова го поздрави Меѓународниот форум за кирилицата што се одржува во Софија
„Буквите паметат и нè надживуваат. Вештачката интелигенција без нашите букви и без нашите зборови е само мртва машина“, изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, на отворањето на третото издание на Меѓународниот форум за кирилицата на тема „Духовното наследство во дигиталниот век“, јавува БНР-Радио Бугарија.
Таа истакна дека целта на форумот е да се слушне гласот на древната култура, како и на бугаристиката и славистиката во светот.
„Зборовите го формираат нашиот свет и нашиот поглед на светот. Преку нив љубиме и се конфронтираме, иако сите сакаме да ја изгониме омразата од нашиот речник“, нагласи Јотова.
Таа додаде дека зборовите ги поврзуваат вековите со истите изрази што ги користеле и предците.
По повод празникот Благовештение, Јотова посака „повеќе благи вести“ и изрази надеж дека „со заминувањето на зимата ќе си замине и злото, а ќе дојде пролетта“.

