Бугарскиот министер за образование: „Ние сме еден од малкуте народи кои ја создале својата писменост“
Со појавата на писменоста започнува описот на државноста, а таа претставува културен код, изјави министерот за образование и наука Сергеј Игнатов на третото издание на Меѓународниот форум за кирилицата, јавува БГНЕС.
„Ние сме еден од малкуте народи кои ја создале својата писменост“, рече Игнатов, додавајќи дека кирилицата произлегува од древните фонетски писмени системи и создава мост меѓу тогашна Бугарија и претходните цивилизации.
„Писменоста е културен код. Откажувањето од писменост е откажување од културата“, нагласи тој.

