ГДУ-ШТИП: РАБОТНИЦИТЕ МОРА ДА БИДАТ НА КОЛЕКТИВЕН ОДМОР!
„ГДУ-Штип апелира до Владата како и до градоначалникот и локалните власти после регистрирањето на нови случаеви на Корона вирус во нашиот град да бидат воведени порадикални мерки, со цел да се спречи проширувањето на вирусот.
- Сите производствени капацитети, особено во градовите (населените места) и регионите во кои има регистрирани случаеви да бидат затворени, а работниците да бидат на колективен одмор барем 30 дена.
- Владата да ги покрие трошоците за плати, давачки и други трошоци, да ги замрзне кредитите, кириите и другите давачки на правните субјекти на кои ќе им се наложи мерката за колективен одмор.
- Редовни полициски патроли, повисоко полициско присуство низ градот како и стриктни полициски контроли на лицата кои се во самоизолација.
- Објавување во јавен регистар на имињата и адресите на заразените, како и лицата поставени под домашна изолација по примерот на Црна Гора.
Почитувани штипјани останете дома, не го ризикувајте вашето и здравјето на вашите семејства“, се вели во соопштението на ГДУ-Штип.

