ГДУ-ШТИП: ВО НАШИОТ ГРАД ВЕЌЕ СЕ ПОЗДРАВУВАМЕ СО „БОЧВАРСКИ ВЕТИ, НАВИСТИНА ВЕТИ!“
„Денес е мал јубилеј од 30 дена откако градоначалникот на општина Штип, г. Благој Бочварски, вети дека за најбрз можен рок ќе ја санира цевката од колекторот во Ново Село, од која течат фекалии дирекно во река Брегалница.
Би сакале да му се заблагодариме на градоначалникот за ветеното и да ја изразиме нашата разочараност од нереализираното.
На сликите се гледа разликата помеѓу пред ветувањето и после ветувањето. Разликата е само во желбата за решавање на проблемот. Имајќи во предвид дека проблемот е стар, ние како граѓани на општина Штип сме благодарни и на толку.
Сепак зборот е збор, но и навика си е навика. Од ветување куќа не се растура, но држава и општина се растура сигурно!
п.с: Пред 30 дена во Штип се поздравувавме со „Бог се јави, навистина се јави“. Денеска можеме слободно со „Бочварски вети, навистина вети“- јавуваат од локалниот огранок на Граѓанско Демократска Унија во градот Штип.

