К. СИНАДИНОВСКА: ПОВЛЕЧЕТЕ СЕ ТИВКО, БЕЗ ПРИКАЗНИ ЗА МОРАЛНИ ДОСТРЕЛИ АМАН!
„Костадинов вели дека тоа што мајка му си поднела оставка било чин на висок морал.
Чисто да не се правиме луди, висок морал е да не ти падне на памет да си ја вработиш сопствената мајка.
Таа да си замине откако премиерот ќе свика, не само што не е висок морал, тоа не е морал воопшто.
“Морално” (од што се мора) не значи исто што и морално (од морал).
Повлечете се тивко без приказни за морални дострели аман“- напиша на својот профил новинарката Катарина Синадиновска, во врска со повлекувањето на мајката на Костадин Костадинов од работното место во Централен регистар.


