ГДУ ШТИП: ВО ШТИП Е ФАТЕН СВЕТИОТ КРСТ НО МОЖЕБИ И ЕШЕРИХИЈА КОЛИ ОД ИЗМЕТОТ!!!
„Срам, резил и неодговорност! Погледнете каде беше фрлен Светиот крст во Ново Село- Штип. На прес-конференција на 17 декември 2018 година, претседателот на ГДУ-Штип Борче Пачемски, постави прашање до градоначалникот и локалната самоуправа, зошто градот изгубил 10 милиони евра за реконструкција на колекторскиот систем во нашиот град?
За жал општината немаше конкретен одговор. Погледнете како изгледа системот и каде денеска беше фрлен Светиот крст во водите на река Брегалница. Додека верниците скокаа во светите води на реката, фекалии им капеа на главите. Тоа не им сметаше на локалните челници да се сликаат, снимаат и да објаснуваат колку големи верници и одговорни политичари се.
Вакво сквернавење на настанот и Светиот крст не се памети во историјата на Христовата вера никаде по светот! Додека премиерот Заев повикува да се очистиме од гревовите кои сме ги направиле во светите води, неговиот потпретседател Бочварски ги искапи штипјани во фекалии. Срам, резил и огромна неодговорност„- се вели во соопштението на локалниот клуб на Граѓанско демократска унија во градот Штип.