ГДУ: СРАМНО Е ЗА ЕДНА ДРЖАВА И ВЛАДА ДА ОРГАНИЗИРА ПРЕЧЕК НА СТРАНСКИ ДРЖАВНИК СО ТУЃО ЗНАМЕ
Тоа што денеска се случи пред македонската влада со пречекот на австрискиот канцелар, Себастијан Курц, кој бесше пречекан со погрешно знаме е дипломатски скандал во европски размери. Вакво нешто е недозволиво и за ваква грешка премиерот Зоран Заев треба да бара одговорност од протоколот.
Срамно е за една држава и влада да организира пречек на странски државник со туѓо знаме.
Македонија е вест број еден и на странските медиуми, но наместо со некој позитивен пример, ние сме главна вест со дипломатски скандал.
Апелираме утре пред посетата на германската канцеларка Ангела Меркел пред да се постави германското знаме на јарболот добро да се провери, протоколот да не го замени со белгиското.
Кикс како денешниот не смее да се повтори, се вели во партиското соопштение на Граѓанско демократската унија-ГДУ.

