| |

ГДУ: ЗОШТО ВЛАСТА ТРИ МЕСЕЦИ ГО КРИЕШЕ ИЗВЕШТАЈОТ ОД ГРЕКО?

„-Извештајот од петтиот круг на оценка за Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот, беше усвоен од страна на ГРЕКО на 82-та Пленарна седница (во Стразбур, 18-22 март 2019).

-Владата на одржаната 140-та седница на 18.06.2019 година, ја усвои информацијата за извештајот на ГРЕКО за евалуација на земјата и даде согласност за објавување на извештајот. На седницата, како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжила Министерството за правда да го информира ГРЕКО за нејзината согласност за објавување на извештајот.

Зошто Владата три месеци чекаше за да даде согласност за објавување на Извештајот од ГРЕКО? Што сака да сокрие власта? Широко распространетата корупција, криминалот, советниците и дебело наплатените „совети“, политичките влијанија во МВР?!

Власта ќе рече, „ама голем дел од критиките се однесуваат за владеењето на Груевски“. Ама не почитувани господа на кои помили ви се фотелјите од граѓаните! Вие продолживте како и тие пред вас. Не случајно во извештајот се споменуваат забелешки исти како во ланскиот. Тоа значи дека ништо не се сменило.

ГРЕКО бара јасна дистинкција меѓу политичката власт, МВР и полицијата со цел да се обезбеди доволна оперативна независност. Укажува на тоа и дека обвинителите генерално не гонат системски случаи од висок профил или политички чувствителни случаи.
Појасно укажување и предупредување од ова не може да биде. Без независно и непристрасно судство, без полиција ослободена од политички влијанија, без вистинска борба против корупција нема да не биде. И Брисел и Стразбур истото ни го кажуваат со години наназад“, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.



Слични Објави