|

ВАСИЛЕВСКА (ВМРО-ДПМНЕ): РАШКОВСКИ ДОГОВАРАЛ СОМНИТЕЛЕН ТЕНДЕР ОД 7 МИЛИОНИ ЕВРА

Драги Рашковски од позиција на генерален секретар на влада договарал сомнителен тендер во висина од 7 милиони евра за набавка на систем за летање преку М-НАВ, рече на прес-конференција Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на информации од медиумите.

Како што кажа таа, Рашковски заедно со претседател на УО на М-НАВ, инаку близок роднина на министерка во владата на Зоран Заев, се слуша како иако знаат дека датумот за тендерот изминал за 3 дена, го доделуваат истиот на италијанска фирма.

Слични Објави