|

Генчовска: Бугарија ќе помага во олеснување на протокот на бегалците од Украина

Првата дипломатка на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска, денеска се наоѓа во посета на Молдавија. Таа во Кишињев се договорила со својот молдависки колега, Нику Попеску, да се постават заеднички пунктови на молдависко-романската граница за да се олесни протокот на бегалци кон Романија и кон Бугарија.

„Софија може да му помогне на Кишињев, додаде шефицата на бугарската дипломатија. Таа кажа дека тоа се случило во време кога Молдавија има најголема потреба поради товарот на војната во Украина“.

Генчовска во Кишињев коментираше дека Софија е свесна дека бранот бегалци ќе се зголемува. Затоа се разговараше за неколку конкретни предлози, додаде таа.

Попеску од своја страна кажа дека во Молдавија има 100.000 бегалци, од кои 40.000 се деца.

На средбата на министрите за надворешни работи на Бугарија и на Молдавија било поставено и прашањето за обезбедување дополнителни автобуски линии. Бугарската влада ќе го разгледа прашањето за нивното финансирање.

Попеску истакна дека била разгледана и можноста за европска интеграција на Република Молдавија. Министерката Генчовска рече дека на неколку европски состаноци во формат на Европскиот совет е потврдена европската перспектива за Украина и европската интеграција на Молдавија и Грузија.

На крајот од еднодневната посета на Молдавија, покрај Кишињев, Генчовска ја посети и областа населена со локални Бугари, Бесарабија, чиј дел е во југозападна Украина.

Генчовска со владин авион ќе превезе во Бугарија и дел од бесарабските Бугари кои бегаат од војната во Украина кои ја преминаа молдавско-украинската граница.



Слични Објави