Георги Господинов е писател на деценијата во Софиската библиотека
Георги Господинов е избран од читателите на Софиската библиотека за писател на деценијата.
Меѓу другите наградени писатели на деценијата се Захари Карабашлиев, Стефан Цанев, Здравка Евтимова и проф. Цочо Бојаџиев.
Изборот на најчитаните современи бугарски автори читателите на Софиската библиотека го прават десет години врз основа на статистика од електронскиот каталог.
Авторот на „Временско прибежиште“ пет пати е најчитаниот бугарски автор во оваа деценија, почнувајќи од првото издание на наградата во 2014 година, а потоа и за годините 2018, 2021, 2022, 2023 година.
Денес, најстарата културна институција во Софија и најголемата јавна библиотека во Бугарија има збирка од над 1 милион книги, најбогатата документарна и информативна архива за историјата и развојот на Софија, 5 гранки, богати дигитални ресурси и сопствени дигитални платформи. Во 2024 година Читателите на Софиската градска библиотека се над 100.500 (во 2014 година беа 30.450). Речиси 60% од активната читателска публика се млади луѓе. Читателската публика на библиотеката лани се зголемила за нови 25 илјади. Бројот на книги позајмени од жителите на Софија за домашна употреба сега е близу 700.000, а бројот на дневни посети е околу 1.500.
Во 2024 година Софиската библиотека на своите читатели им понуди над 22 илјади нови книги, при што речиси 30% од нив се од бугарски класици и современи автори. Бројот на позајмени книги од современи бугарски писатели постојано се зголемува (од 2014 година е повеќе од двојно зголемен), што покажува исклучителен интерес и за етаблираните и за новите имиња во бугарската белетристика и нефикциона литература.
Фото: БГНЕС

