| |

Трилатерална средба на началниците на одбраната на Бугарија, Романија и Турција

На покана на началникот на бугарската одбрана, адмирал Емил Ефтимов, утре, 2 јули, ќе се одржи трилатерна средба со началниците на одбраната на Романија и Турција – генерал Георгица Влад и генерал Метин Ѓурак, јавува бугарското Министерство за одбрана.

На состанокот се очекува да се разгледуваат прашања од заеднички интерес, насочени кон зајакнување на безбедноста во Црноморскиот регион и проширување на соработката во морскиот и копнениот домен.

Началниците на одбраната ќе дискутираат и за перспективите за развој на заеднички иницијативи за гарантирање на безбедноста во Црното Море преку употреба на нови технологии за набљудување и рано предупредување во морскиот простор.

Во рамките на разговорите, ќе се разгледуваат и можностите за идно воено партнерство и заеднички активности за одговор при катастрофи и кризни ситуации. Се предвидува да бидат разгледани идеи за унапредување на регионалната подготвеност и оперативна интероперабилност преку размена на информации, координација на воена помош, како и спроведување заеднички тренинзи и симулации за одговор при земјотреси, поплави и други природни непогоди.

Слични Објави