| |

Георгиев: Доколку не се почитуваат обврските од РСМ, ЕУ нема начин да го продолжи патот кон пристапување

Немаме добиено покана од РСМ заеднички да ја прославиме годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Во моментов немаме покана од РСМ. Ова го изјави пред министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев.
Се надевам дека нема да има проблеми како лани на прославата. Не само ставот на Бугарија за РСМ, францускиот предлог е меѓу целата ЕУ и РСМ, зборуваме за обврски кои се многу подалеку од билатерален спор. Доколку не се испочитуваат обврските, ЕУ нема да може да го продолжи патот за влез на РСМ. Во моментов нашите односи со Скопје се специфични, потенцира Георгиев за бТВ, пренесува БГНЕС.

За евентуална средба на премиерот на РСМ Христијан Мицкоски со бугарскиот премиер Росен Желјазков Георгиев рече дека доколку се побара таква средба според воспоставената протоколарна пракса, таа ќе биде разгледана од аспект на нејзината сериозност.

Нема друга земја која сака Западен Балкан да биде дел од ЕУ повеќе од Бугарија, додаде тој.



Слични Објави