|

Герасимовски: 17 тони кабаст отпад собрани во акцијата од 15 до 20 февруари

Општина Центар успешно ја спроведе акцијата за собирање кабаст отпад, реализирана во периодот од 15 до 20 февруари на три локации, улиците „Загребска”, „Костурски херои” и „Пролет”, соопштија од таму.

Вкупно биле собрани: 17 тони кабаст отпад, претежно мебел, врати, градежен шут, прозори, паркети и ламинат. На секоја од трите локации биле поставени контејнери за кабаст отпад, каде секојдневно во раните утрински часови истиот беше собиран од службите на општината.

„Ги повикувам граѓаните и понатаму да бидат совесни и да го фрлаат отпадот на соодветните места. Да продолжиме заедно и одговорно да се грижиме за нашиот Центар“, порача градоначалникот Герасимовски.

Акцијата, како што информираат, продолжува и во следните два месеци, во периодот од 15 до 20 март и април, на локации за кои навремено ќе информира Општина Центар.

Слични Објави