ГЕРМАНИЈА ГИ УКИНУВА ТЕСТОВИТЕ ЗА КОВИД-19 ЗА ОНИЕ ШТО ДОАЃААТ ОД РИЗИЧНИ ЗЕМЈИ

Германија ќе ги укине задолжителните тестови за коронавирус за патниците кои се враќаат од области со висок ризик во странство и ќе се фокусира врз тестирање на лица со симптоми со ковид-19, рече министерот за здравство Јенс Шпан. Тој додаде дека за време на летните одмори, бројот на тестови во Германија речиси двојно се зголемил, на 900.000 неделно, делумно за да се идентификуваат луѓето кои се заразиле во странство, јавува Радио Слободна Европа.

loading...

На луѓето кои се враќале од епидемиолошки ризични области им било овозможено бесплатно тестирање на германските гранични премини, што им овозможило да избегнуваат задолжителен двонеделен карантин, доколку имаат негативен тест. Патниците кои се враќаат од подрачја со висок ризик, во кои спаѓаат повеќето земји надвор од Европската унија, во иднина ќе треба да поминат под задолжителен карантин најмалку пет дена додека не пристигне резултат од тестот, кој повеќе не може да биде бесплатен, освен ако не го побара лекар.

Министерот Спан не прецизираше кога ќе се промени стратегијата за тестирање, но одлуката најверојатно ќе биде донесена денеска на состанокот меѓу канцеларката Ангела Меркел и гувернерите на сите 16 провинции. Германските центри за контрола на болести досега пријавија 1.576 нови потврдени случаи на коронавирус. Од почетокот на епидемијата, во Германија се регистрирани 236.429 заразени и 9.280 смртни случаи од коронавирусот.



loading...