ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАСИЛИ ГРАНИЧНИТЕ ПРОВЕРКИ

//

Германија ќе ги засили случајните гранични проверки за да ги обесхрабри мигрантите нелегално да се движат низ Европската унија (ЕУ).

„За таа цел, повеќе полицајци ќе бидат испратени во граничните зони во обид да се справат со секундарната миграција – нелегалното движење на мигрантите кои не се од ЕУ меѓу земјите членки на ЕУ“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најновиот потег за обезбедување на границите на земјата ги зголеми стравувањата дека Шенген-зоната се еродира и ја одбележува последната фаза во засилената имиграциона политика со што Германија полека ја затвора вратата за барателите на азил и ги засилува депортациите.

„Безбедноста започнува на границата“, рече Хорст Сехофер, министер за внатрешни работи и член на централно-десничарската христијанска социјална унија (ЦСУ). „Покрај новата гранична контрола на границата со Австрија, им наредив на полицајците да ги засилат полициските проверки на сите други германски граници“, додаде тој.



Извор: Макфакс



Претходна статија

АДВОКАТОТ НА ТРАМП МОРА ДА ЈА ПРЕДАДЕ СНИМКАТА ОД РАЗГОВОРОТ СО УКРАИНЦИТЕ

Следна статија

ЦИПРАС: НАШИТЕ ДРЖАВИ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ПРОТИВНИЦИ

Најново од Вести