|

ГЕРМАНИЈА ЈА ПОДДРЖУВА ЕВРОПСКАТА ПЕРСПЕКТИВА НА МАКЕДОНИЈА

Германија останува на ставот дека Македонија и Албанија заслужуваат датум за започнување на пристапни преговори со ЕУ, независно од промените за методологијата за зачленување иницирани од Франција.

Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, ја охрабри земјата да продолжи со реформите во правдата, борбата против корупцијата и враќањето на правната држава, за што вети целосна поддршка и помош на Берлин.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, пак, аргументирајќи дека ЕУ не смее да ја запостави земјата по направените компромиси, рече дека независно од добрососедските односи меѓу Македонија и Албанија, кога станува збор за членството со ЕУ, добро е секоја држава да биде оценувана одвоено, врз основа на своите заслуги.

Слични Објави