ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ТРАГА ПО УКРАДЕНО „ФЕРАРИ“ ОД 1985 ГОДИНА

Вести Свет

Германската полиција трага по реткиот спортски автомобил „ферари“ од 1980-тите години, за кој се верува дека вреди повеќе од два милиони евра, а кој беше украден на пробното возење од човекот кој се претставил како потенцијален купувач.

Полицијата во Дизелдорф објави дека човекот кој се јавил на огласот за црвенoто „ферари 288 ГТО”, првпат регистрирано во 1985 година, се појавил во понеделникот на договорен состанок, објави АП.

Тој и продавачот отишле на пробно возење, притоа продавачот излегол од автомобилот за да го замени местото со идниот купувач.

Човекот седнал на возачкото седиште, го притиснал педалот на гас и се одвезол.

Полицијата соопшти дека не успеале да го најдат автомобилот и ја повикаа јавноста да им даде евентуални информации.

Извор: Макфакс