|

ГЕРОСКИ: МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС НАЛИКУВА НА ЌЕНЕФ

„Нејсе, под претпоставка дека и меѓу вас, почитувани читатели, има такви што не знаат што е тоа ќенеф (одамна мина времето на ќенефите), да објаснам: ќенеф е нужник, ама не баш ваков каков што го знаеме денес и што го нарекуваме ве-це или тоалет, туку обичен полски нужник, ископана дупка во која се празниме, а над која е подигната импровизиран објект од ковани штици или керпич, што ја штити нашата интима“, пишува во својата најнова колумна Бранко Героски.

„Македонија денес, пред почетокот на летната туристичка сезона, во време кога земјите од Европа и од Балканот, чекор по чекор, ги отвораат границите и овозможуваат слободен проток на луѓе, наликува токму на еден таков ќенеф. Однадвор дрвени и шарени картонски кулиси, кои сугерираат лажна слика дека она што се случува внатре е менаџирано и организирано барем на елементарно ниво, а одвнатре базди неподнослива реа, која открива дека ситуацијата во ќенефот е експлозивна и е надвор од секаква контрола, ни кофа вода ни стари весници нема барем малку да ни го скријат срамот!“, пишува Героски.

Слични Објави