ГЕРОСКИ ПРАШУВА ДАЛИ ДЕН ДОНЧЕВ ЗАЕДНО СО КИЧЕЕЦ НЕ ЈА РЕКЕТИРАЛЕ СОПСТВЕНИЧКАТА НА „ДИАМЕД“

/

Лице блиско до поранешната сопственичка на „Диамед“, во проширена кривична пријава против Ден Дончев, во која е додаден и Зоран Милевски  Кичеец, во писмена изјава доставена до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, тврди дека под уцена им исплатило на двајцата вкупно 824.000 евра по разни основи. Дали ова е една од главните причини поради кои Ден Дончев, сега веќе поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, е под истрага од страна на Обвинителетсвото?

За сериозните сомневања за постоење нова рекетарска афера, поврзана со Дончев, пишував во март годинава, но и кон крајот на минатата година. Во медиумите аферата беше наречена „Рекет 2“. Претпоставувам дека сега, по оставката на Дончев, Обвинителството ги интензивирало активностите за утврдување на фактите. Откако обвинителката Вилма Русковска потврди дека против Дончев се води истрага, стана јасно дека неговата одлука да ја напушти директорската фотелја во ФЗОМ сепак е политичка и веројатно има врска и со „Рекет 2“, но и со новите докази за рекетот поврзан со него. Овие нови докази, како што веќе пишував, биле дадени на увид на обвинителите и се толку сериозни, што лидерот на СДСМ Зоран Заев веројатно проценил дека со една таква нова афера на вратот и со Дончев слободен, па уште и на директорска позиција, нема што да бара на избори. (Целиот напис на Бранко Героски прочитајте го овде)





Претходна статија

ТРОЈЦА ПРИПАДНИЦИ НА ЕБР СЕ ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19

Следна статија

СЕ ДЕМОНТИРА ПОЛСКАТА БОЛНИЦА НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА

Најново од Вести