|

СЕ ДЕМОНТИРА ПОЛСКАТА БОЛНИЦА НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА

Министерството за здравство соопшти дека денеска се демонтираат шаторите од мобилната болница која беше поставена како надополнување на капацитетите на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Болницата беше поставена кон крајот на март и во неа за среќа не беше згрижен ниту еден пациент бидејќи бројот на зарзени кои се лекуваат во болнички услови не го надмина капацитетот со кој располагаат Инфективната клиника и болницата „8 Септември”.

Мобилната болница „Role 2“ којашто е донација од Норвешка, имаше капацитет од 130 кревети и комплетна опрема.



Слични Објави