| |

Гир: Имаме решение на масата за уставните измени, во Брисел нема апетит за повторно разгледување на преговарачката рамка

Во однос на уставните амандмани, веќе имаме решение на маса. Ова го изјави амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија Дејвид Гир во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Се сеќавате уште во јули 2022 година многу внимателно ги следев преговорите што се водеа приближно помеѓу есента 2020 година и тој договор што беше постигнат на 22 јули не беше лесен процес, или за која било страна, беа направени компромиси. И како резултат на тоа, мислам дека веројатно е склучен најдобриот договор што можеше да се направи во тоа време?“, додава Гир во одговор на прашањето дали е прифатлив ставот на владата, уставните измени да се донесат на крајот од преговарачкиот процес.

„ Дали оваа влада би можела да постигне подобар договор? Јас лично многу се сомневам во тоа. Се разбира, тоа е прашање меѓу двете влади, но многу се сомневам дека тоа може да се постигне. И не гледам апетит во Брисел за повторно разгледување на преговарачката рамка, која е основа на преговорите. Како што велам, има решение на маса. Би било добро сега да напредуваме кон тоа решение“, дециден е евроамбасадорот Гир.



Слични Објави