Гир: Не гледам можност за промена на преговарачката рамка и таа позиција не е променета
Извор: Zoom.mk
Секогаш сум бил многу јасен за овој договор што беше постигнат во јули 2022 година што резултираше со отворање на пристапните преговори и скрининг процесот. Не гледам можност за промена на преговарачката рамка и таа позиција не е променета по изборите, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, по денешната средба со Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, одговарајќи на новинарско прашање дали има шанса за промена на преговарчата рамка.
Средбата со Муртезани, Гир ја оцени како „добар старт“, посочувајќи дека имал детален разговор за реформската агенда која е дел од планот на ЕУ за раст на Западен Балкан, за досегашната работа на скининг процесот и како да се продолжи врз тоа што е постигнато.
– Очекуваме блиска, регуларна и успешна работна врска со министерот и Министерството, изјави Гир.

