Ѓ. ТРЕНДАФИЛОВ: ПОЛИТИЧКАТА ЕЛИТА ГРЧЕВИТО СЕ БРАНИ, ДОКАЗ ЗА ТОА Е ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА
Претседавачот со Националниот комитет на партијата Граѓанско демократска унија-ГДУ, Ѓорги Трендафилов во своето гостување во емисијата „Анализи и коментари“ на ТВ Стар изјави дека брзото изгласување на законот за финансирање на политичките партии и законот за амнестија за настаните од 27 април минатата година е доказ дека политичката елита грчевито се брани. Трендафилов додаде дека поимот правда во нашата земја е растеглива категорија бидејќи, „сваровски“ судиите и стручните соработници со фалсификувани дипломи сѐ уште се на работа. Повеќе за тоа погледнете во видеото што следи: