ЃОКОВИЌ ГО ОТКАЖА НАСТАПОТ НА РОЏЕРС КУПОТ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на Роџерс купот во Монтреал, Канада. Србинот решил да го пропушти овој Мастерс турнир поради умор, имал намера добро да се одмори и подготви за Ју-Ес опен, каде ќе ја брани титулата.

„Жалам што морам да ве известам дека решив да се повлечам од Роџерс купот. Решив на моето тело да му дадам повеќе одмор пред наредните турнири. Ја сакам Канада имам многу пријатели кои секогаш прават да се чувствувам како дома. “, напишал Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Ѓоковиќ овој турнир кој наизменично се игра во Монтреал и Торонто го има освоено по два пати во двата града: Монтреал 2007, 2011 и Торонто 2012, 2016.

Се очекува Ѓоковиќ да настапи на Мастерсот во Синсинати (11 до 18 август) каде ќе ја брани титулата.

Слични Објави