РИКЕР: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И САД ПОЧНУВААТ НОВА ЕТАПА ВО ОДНОСИТЕ КАКО СОЈУЗНИЦИ ВО НАТО

//

Република Северна Македонија и САД почнуваат нова етапа во меѓусебните односи и соработка како сојузници во aлијансата, рече в.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија во американскиот Стејт dепартмент, Филип Рикер, на средбата со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во Скопје.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, тој ја нагласил неопходноста од продолжување на реформите во насока на зајакнување на севкупниот капацитет на земјата, вклучително и во доменот на правосудството и борбата против корупцијата.

Рикер ја реафирмирал силната поддршка на САД за остварување на стратешките цели на Република Северна Македонија – полноправното членство во НАТО и ЕУ, и вчерашната поддршка на Комитетот за надворешни работи во Сенатот е уште една потврда за тоа.

Димитров рече дека посетата на Рикер се случува во многу важно време за земјата и само еден ден по вчерашнато усвојување на Пристапниот протокол за членство на нашата држава во НАТО од страна на Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат.

„Поддршката на САД за евро-атлантските интеграции на Северна Македонија беше и останува суштинска за постигнувањето долгорочна стабилност, натамошна демократизација и просперитет на земјата и на регионот“, истакна Димитров.



Соговорниците ги оцениле билатералните односи како исклучително цврсти и пријателски, засновани на стратешко партнерство и соработка во повеќе значајни области. Беше искажан заемен интерес за постојан политички дијалог и за натамошно унапредување на севкупната соработка.

Извор: Макфакс

Претходна статија

СДСМ: СОЦИЈАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ДОБИВААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА НАД 4.300 ДЕНАРИ

Следна статија

СТАВИЛ ДВОГЛАВ ОРЕЛ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ ПЕЧАТ, ГО ПОСРАМОТИЛ ТРАМП

Најново од Вести