ЃОКОВИЌ НАБРЗИНА ГО СУРЕДИ ПУЈ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ ВО ТОКИО

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот во Токио, откако го победи Лукас Пуј со 2-0 во сетови.

Ѓоковиќ без поголеми проблеми славеше против 24. тенисер, откако првиот сет го доби со 6-1, по два брејка, а во вториот загуби еден гем, но без проблеми успеа да слави на крајот.

Во следната фаза од турнирот ќе игра против подобриот од мечот меѓу Давид Гофан и Хуеон Чунг, кои играат од 12 часот.

Извор: Спорт1



Слични Објави