ЃОРЧЕВ: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ГО ШТИТИ УСТАВОТ ОД ШТЕТНИТЕ НАМЕРИ НА ЗАЕВ

//

Влатко Ѓорчев во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 кажа дека граѓаните се тие кои што ќе проценат кој ги почитува Уставот и законите, дали претседателот Иванов или Заев. Пратеникот Ѓорчев посочи дека се повторуваат епизоди од минатото каде што Македонци се обвинувани и судени затоа што ја штителе Македонија.

-Претседателот Ѓорѓе Иванов кога ја преземаше функцијата се заколна пред Уставот и законите на Република Македонија, велејќи дека ќе го почитува, брани и спроведува Уставот на Република Македонија. Истата заклетва ја имаше дадено и Зоран Заев велејќи дека ќе го почитува, брани и спроведува Уставот на Република Македонија. Колку Уставот на Република Македонија го почитува претседателот на Република Македонија, а колку Зоран Заев граѓаните гледаат, слушаат и јасна им е работата, вели Ѓорчев.

Ѓорчев потенцира дека единствениот во моментот кој ги штити Уставот и законите е претседателот Ѓорѓе Иванов, што не им оди во корист на владејачкото мнозинство кое сака да протурка штетен договор заобиколувајќи ги сите процедури и закони.

Нападите кон претседателот и закани дека ќе биде санкциониран доколку не постапува онака како што посакува власта ќе одговара кривично, ова не го кажува било кој туку потпретседателот на Зоран Заев во СДСМ Мухамет Зекири.

Влатко Ѓорчев објасни дека ова е веќе режим во настанување, ова е режим кој функционира во Република Македонија, ова никогаш и се нема случено на Македонија.



Пратеникот објасни дека нам ни се случуваат нови епизоди на Ристо Шишков, „Среќна нова 49-та“ во однос на намерите на Мухамет Зекири кој најавува дека ќе го гони претседателот на Република Македонија.

Владимир Ѓорчев во емисијата Анализа 24 ТВ  во дебата со Мухамед Зекири потенцираше дека функционери од владината коалиција си делат тендери што претставува сериозна пречка за ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија. Ѓорчев го спомена случајот во кој фирмата на градоначалникот на Општина Пласница кој ќе го снабдува ЈСП со гориво.

Станува збор за тендер на ЈСП во кој учествуваше и го доби фирмата Пуцко Петрол која е во сопственост на Исмаил Јаовски, актуелен градоначалник на Пласница од редовите на ДУИ. Ова не е единствен случај и е еден од многуте во кои е вмешана оваа фирма со добивање на тендери од државни и јавни институции, меѓу кои Министерство за внатрешни работи, општите болници во Гостивар и Гевгелија, Државниот студентски дом во Скопје, општина Битола.

Пратеникот Ѓорчев го спомена и растот на економијата од 0,1% кој кажа дека тоа не е раст туку стагнација, откако СДСМ е на власт, во контекст на ЕУ интеграцијата на нашата земја односно напредокот што се очекува од Република Македонија. Корупцијата која што треба да се искорени и е услов за влез во ЕУ и НАТО наместо да се работи против истата, таа е во пораст. Цела една година откако СДСМ е на власт корупцијата е во подем, а за сметка на тоа економијата тоне.

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ЗЕМЈОДЕЛИЕТО НА КОЛЕНА, ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ПОНИЖЕНИ – РОДОТ НАМЕСТО НА ПАЗАР ЗАВРШУВА НА БУНИШТЕ

Следна статија

ЗАЕВ ВО ФОРУМОТ КРАН МОНТАНА: ПРЕД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА, СТОИ МОЖНОСТ ДА ЗАТВОРИ СТРАТЕШКОТО ПОГЛАВЈЕ ОД СВОЈАТА СОВРЕМЕНА ИСТОРИЈА – ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Најново од Вести