|

Ѓорѓиевски: Доста беше толеранција, поднесена е прекршочна пријава за ЈП ,,Комунална хигиена ” Скопје

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше дека е поднесена прекршочна пријава до ЈП ,,Комунална хигиена” поради тоа што отпадот не се собира, се содаваат депонии и во услови на високи летни температури се доведува во прашање здравјето и безбедноста на граѓаните. Најави дека за толеранцијата за несовесното работење на ЈП ,,Комунална хигиена” и градоначалничката на Скопје кои се грижат за хигиената во главниот град е дојден крајот и дека секое непостапување ќе значи нова прекршочна пријава.

„Скопје со недели изгледа на голема депонија и се дави во отпад! Ова се влошува со високите температури, односно од отпадот што не се собира редовно се шири неподнослива миризба во секоја општина. Кисела Вода не е исклучок, кај нас сликата се полни контејнери и страшна миризба.

Ова е резултатот на несовесното работење на ЈП ,,Комунална хигиена” и градоначалничката на Скопје кои се грижат за хигиената во главниот град!

Досега неколку пати алармирав до градските институции, со дописи, телефонски, но очигледно нашите реакции како општина и оние на граѓаните на Кисела Вода не успеаа со проактивност од страна на ЈП ,,Комунална хигиена”, кое сите граѓани на Скопје го плаќаме.

Бевте сведоци кога како градоначалници лани се обидовме да со собереме сметот што со недели стоеше на улиците, нема да дозволиме да се случи ова повторно.

Бидејќи во нормална комуникација немаме никаква реакција, во текот на изминатите денови испративме комунален инспектор да ја провери состојбата на терен.

Увидовме дека ситуацијата е катастрофалната и поради тоа понесовме прекршочна пријава до Комунална хигиена и ова ќе биде наша пракса и следните денови ако состојбата не се подобри“, вели Ѓеорѓиевски.

Најавува дека секое непостапување ќе значи нова прекршочна пријава.

„Граѓаните се на прво место, Скопје мора да биде повторно горд град“ ,изјави градоначалникотна Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.



Слични Објави