ГЛАСАЧКИТЕ МЕСТА ОТВОРЕНИ- МАКЕДОНИЈА ГЛАСА

Вести Истакнато Македонија

Граѓаните на Република Македонија денеска гласаат за нов претседател на државата. Ова се шести претседателски избори, на кои според Државната изборна комисија, за избор на нов претседател право на глас ќе имаат 1.808.131 гласач. На денот на изборите, според податоците на ДИК, право на глас имаат 1.726.696 граѓани, а останатите се наоѓаат на посебен избирачки список кои гласаат ден претходно. Предвремени локални избори се одржуваат општините Дебар, Ново Село (Струмица) и Охрид.