| |

Главчев: Бугарија останува доследна во поддршката за Украина

Бугарија останува доследна во поддршката за Украина и активно ќе учествува во процесот на нејзино закрепнување. Ова го изјави службениот премиер Димитар Главчев на средба со амбасадорките на Украина и Германија во Бугарија – Олесија Илашчук и Ирене Марија Планк, јавува Бугарското национално радио.

Главчев доби покана за учество на Конференцијата за обнова на Украина, која ќе се одржи на почетокот на јуни во Берлин.

Слични Објави