|

СДСМ: ПОМОШТА ОД ПЕТТИОТ ПАКЕТ МЕРКИ СТИГНУВА ДО ГРАЃАНИТЕ

Пратениците од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, ги усвоија законите кои ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата со месеци свесно и намерно ги блокираа, соопшти СДСМ.

„Поддршката за исплата на плати за месец февруари и март деновиве започнува да пристигнува кај граѓаните. Блокадите, лагите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата одново се поразени. Разликата е очигледна.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ стори сè помошта што е обезбедена со мерките од Владата да стигне до граѓаните на кои им е потребна, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата правеа сè законите да не се донесат, мерките да се одолговлекуваат и десетици илјади работници да останат без плати.

Уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата работат за сопствени интереси, на штета на граѓаните и државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати по ред е казнета од граѓаните на избори и уште долго ќе остане во опозиција“, се наведува во соопштението на владејачката партија.

Слични Објави