| |

Наместо најавените 7, државјаните на РС Македонија ќе плаќаат 20 евра за дозвола за патување во ЕУ

Европската комисија објави дека цената за добивање на патна дозвола преку Европскиот систем за информации и авторизација за патување (ETIAS) ќе изнесува 20 евра, наместо првично предвидените 7 евра. Новиот систем, задолжителен за сите државјани на РС Македонија кои не поседуваат бугарски или друг пасош на земја членка на ЕУ. Системот ќе почне да се применува во последниот квартал од 2026 г.

Поскапувањето е резултат на инфлацијата од 2018 година, зголемените оперативни трошоци и новите технички функционалности на системот. Дозволата ќе важи три години од денот на издавање. За аплицирање ќе бидат потребни важечки патен документ (не постар од 10 години и со рок на важност од најмалку три месеци), платежна картичка за уплата на таксата и лични податоци пополнети во онлајн формулар. Патни документи кои не ги исполнуваат меѓународните стандарди може да бидат одбиени.

Слични Објави