Бугарски и американски хеликоптери со борат со пожарот кај Сунгурларе
Пожарот во близина на селото Сливово, во област Бургас во Бугарија, наложи утрово во 07:45 часот и во 09:38 часот да бидат испратени два екипа со хеликоптери AS-532 AL Cougar од составот на 24-та авијациска база во Крумово за помош при гаснењето, јавува БГНЕС.
Екипаж на американски хеликоптер „Блек Хок“ од воениот полигон „Ново село“ денес се вклучи и во гаснењето на пожарот кај градот Сунгурларе, благодарение на координираните дејства на началникот на одбраната, адмирал Емил Ефтимов, со поддршка на бугарските Военовоздушни сили.
Мисијата се изведува со почитување на сите безбедносни мерки и во тесна координација со Главната дирекција „Противпожарна безбедност и заштита на населението“.
Бугарските Военовоздушни сили остануваат подготвени да продолжат со воздушна поддршка во борбата со огнот, обезбедуваат логистичка помош и гориво за странските екипажи, учествуваат во координација на заедничките активности и ги поддржуваат напорите на наземните екипи, волонтерите и институциите во справувањето со природните катастрофи.
