Главчев до Бајден: НАТО може да смета на Бугарија
Бугарскиот премиер Димитар Главчев го увери американскиот претседател Џо Бајден дека Бугарија е лојален и сигурен сојузник на НАТО, јави БНТ, пренесува БГНЕС.
Двајцата лидери разговарале во рамките на самитот посветен на 75-годишнината од НАТО во Вашингтон.
Главна тема на состанокот била поддршката на воената алијанса за Украина, која продолжува да се бори против руската инвазија.
Во својот говор Бајден најави дека НАТО ќе го зголеми снабдувањето со системи за противвоздушна одбрана за Украина во наредните месеци.
„САД, Германија, Холандија, Романија и Италија ќе ѝ обезбедат на Украина опрема за 5 дополнителни стратешки системи за противвоздушна одбрана. “, рече шефот на американската држава.
