Главчев: Позицијата на Бугарија за РСМ е и општоевропска позиција
Очекувам дека ќе се испочитуваат прифатените обврски. Ќе ги потсетам моите колеги, какви обврски беа веќе прифатени на 18 јули 2022 година и кој е патоказот за интеграција на РСМ во ЕУ. Во декември 2023 година, фокусот беше ставен и на уставните измени во РСМ. Ова го изјави бугарскиот премиер Димитар Главчев од Брисел, каде што треба да учествува на редовниот состанок на Европскиот совет на 27 и 28 јуни, јавува БГНЕС.
Неодамна видовме изјави од владини челници во РСМ дека такви промени нема да се прават. Затоа ќе ги информирам колегите од Советот какво е расположението, за да се потсетиме на тоа што е донесено како одлука по ова прашање, додаде Главчев.
Претпоставувам дека колегите од Грција нема да останат незаинтересирани, но важно е да покажеме каква е бугарската, а и европската позиција, рече Главчев.
Со оглед на тоа што претседателот Румен Радев ќе учествува на самитот на НАТО во Вашингтон, тој ќе ја предводи нашата делегација, додаде премиерот.
