| |

Глумењето на добар пријател на Р.Бугарија е поподло, одколку да си бугарофоб*

Facebook статус на Јован Николов

Вчера го гледав на Коридор 8 – еп. 160 – Разговор со Љубчо Георгиевски, не знам во кој паралелен свет живее човекот и што поразлично кажува од Мицковиќ или од декларативното “пењавење” за европската иднина на Бановина на “erga omnes totally SDSM”

1.) Се збуни на моето прашање дека 2 години по ред Здружение ДЕЛО Скопје доставува иницијатива до Собрание на Бановина, Декларација за осуда на говорот на омраза кон бугарите и Р.Бугарија, но нема одговор до сега!

Одговорот на Георгиевски: Нe знам до каде е тој процес не е ставена “НА РЕД НА ГЛАСАЊЕ”!

-Па како да е ставена “НА РЕД” кога некој треба да ја предложи за што и лично е запознаен Георгиевски!? На пример може да ја предложи пратеникот и ген-сек на ВМРО НП, Љупчо Балкоски, кој како припадник на влашкиот народ, ги ужива сите слободи и права согласно Уставот на РСМ, за разлика од незапишаните Бугари…Глумењето на “невина” невеста после прва брачна ноќ “НЕ ПАЛИ”!

2.) Т.н “вето” на Р.Бугарија ги “оддалечило” Македонците од Бугарите, па Македонците седнале во скутот на Белград!? Ајде бе? Па од 1912 до сега, кога Македонците станале од скутот на Белград и да ја исечат таа папочна врвка од Шумадија!? Никогаш…

-Па 2022 година, јули месец, имавме Француски предлог, без вето, та цела Бановина се крена на нозе против фиктивната т.н “бугаризација”, како што и признава Георгиевски имаме ерга омнес србизација во Бановина, процес кој не запрел повторно ќе кажам од 1912 година до денес…

3.) Георгиевски импутира дека многу Бугари од Западните покраини (Босилеград, Димитровград) не се попишале во Бановината!

-Вешто манипулира сакајќи да прикаже дека во Бановината, Бугарите се само со потекло од Западните покраини, а местни Бугари нема, бар така го сфатив…

-Дали Георгиевски верува во податоците од криминалниот попис, негово право!

4.) Би го прашал дали во Агенцијата за иселеници, каде директор е негов кадар, Близнаковски, вработен е еден бугарин, без притоа истиот да мора да е “запишан” во Преамбулата на Уставот! Мислам дека нема такво нешто…

5.) Зошто кампањата за ,,Слушање на македонска музика” не ја тера во рамки на коалицијата со СДСМ, бидејќи ВМРО НП има слаб рејтинг, ако веќе се сака да има ефект!? Тоа е понижувачки дури и за еден обичен бановинец… Ете јас го послушав па си купив ЦД од еден голем Џез бенд од Бановина!

П.с Мислам дека глумењето на добар пријател на Р.Бугарија е поподло, одколку да си бугарофоб!

* Насловот е на редакцијата.



Слични Објави