ГО УБИЛ БРАТУЧЕДОТ ПРЕД СЕЛСКАТА ЏАМИЈА ВО ЛИПКОВО
СВР Куманово поднесе кривична пријавa против Б.С.(43) од с.Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.
Пријавениот, на 18.04.2020, во близина на селската џамија во с.Липково, по претходна расправија поради нерасчистени семејни односи, со нож го нападнал неговиот братучед Ј.С. од с.Липково, нанесувајќи му повреди со смртни последици, јавува МВР.

