|

Година и осум месеци затвор за сопственикот на „Беса транс“, превозникот нема да смее да вози патници четири години

Сопственикот на „Беса Транс“, Беким Хаџиу, доби една година и осум месеци казна затвор и парична казна од 800 000 денари, а изречена беше и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз на компанијата. Според судот, сопственикот и превозникот се виновни бидејќи немале извод од лиценцата која треба да ја издаде Министерство за транспорт и врски – а границата се поминувала со лажен документ.

Според обвинението, Хаџиу, како управител на фирмата „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа – Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

Пресудата се однесуваше на продолженото кривично дело „фалсификување на исправа“, а не за причините за сообраќајната незгода.



Слични Објави