Година на пеколот во Америка: 36-то масовно убиство во 2023, стотици луѓе брутално убиени годинава
Масакрот во средата вечерта во Левистон, Мејн, го означува 36-тото масовно убиство во САД оваа година, јавува „Асошиетед прес“.
Најмалку 188 луѓе ги загубија животите во тие пукања, според базата на податоци што ја одржуваат агенцијата и „УСА тудеј“, во партнерство со Универзитетот „Нортвестерн“.
Статистиката се однесува на инциденти во кои во период од 24 часа се убиени најмалку четири лица не вклучувајќи го и убиецот, што е дефиниција што ја користи ФБИ.
Од јануари Америка е сведок на втор најголем број масовни убиства и најголем број жртви во една година. Само во 2019 година имаше повеќе масовни убиства.
Од 2006 година имало повеќе од 560 масовни убиства во САД, во кои биле убиени повеќе од 2.900 луѓе, а најмалку 2.000 биле повредени, според АП.
