|

Голема спасувачка акција во Словенија, луѓе заглавени во јама

Пет лица вчера попладне останаа заробени во Крижна јама во Словенија поради обилните врнежи.

На лице место интервенирале повеќе единици на спасувачката служба, како и пожарникари, јавуваат словенечките медиуми, додавајќи дека спасувањето е во тек.

Како што изјави за „Н1“, Валтер Закрајшек, шеф на Службата, нуркачите во текот на ноќта успеале да стигнат до затрупаните луѓе, кои се во добра состојба.

Сега чекаат водата во јамата да се повлече. Во најдобар случај, тие ќе бидат спасени утревечер. Повеќе ќе се знае по прес-конференцијата во 12 часот.

Тие се на суво и безбедно место, но многу длабоко во јамата, изјави Закрајшек за „Н1“. Нуркачите им доставуваат храна и вода, а комуникацијата е отежната поради оддалеченоста од 2.400 метри.



Слични Објави