Големата коалиција на либералниот консензус
Минатата недела стана јасно дека по комплицираните преговори, политичката криза во Германија наскоро би можела да се реши. Христијандемократите на Ангела Меркел и социјалдемократите на Мартин Шулц се согласија да формираат коалициона влада. Ако овој договор биде одобрен од страна на членовите на двете партии, новата влада може да ја преземе функцијата по околу еден месец.
Ако тоа стане факт, ќе бидеме сведоци на третата “голема коалиција” меѓу ЦДУ / ЦСУ и СПД под покровителството на канцеларката Меркел (првата беше формирана на крајот на 2005г.,втората – на крајот на 2013 година . Коалицијата помеѓу двете најголеми политички сили кои стојат десно и лево од политичкиот центар, би требало да има спротивставени прашања во многу владини одлуки… но.
Што е тоа што, во Германија им помага, на умерената десница и умерената левица можат да управуваат заедно, и по трет пат? Се разбира, тоа се сериозните отстапки и од двете страни. Компромиси кои се евидентирани во 150-170 страници коалициони договори. Но, тоа не е се.
Дури и за време на изборната кампања, навидум еден чуден факт направи впечаток на многу набљудувачи. За време на телевизиската дебата “Меркел – Шулц”, двајцата лидери доста често делеа исти или слични ставови. На што се должи тоа? Природно е десницата и левицата, да имат различни решенија за ист проблем. Дали е вистина дека левицата и десницата во модерната политика се повеќе си „личат“ и како последица на тоа се обезличуваат како концепти?
Ништо слично. Во последниве години сме сведоци на тенденција на промени во основните параметри на политичката опозиција во повеќе европски општества. Класичниот антагонизам “лево-десно” беше заменет со либерален консензус помеѓу традиционалната левица, либералниот центар и традиционалната десница. Демохристијаните прифатија многу економски ставови на социјалдемократите и многу либерални вредности. Овој либерален консензус им се спротивстави на сите што не се согласуваат со тоа (без разлика каде се позиционирани на политичката оска). И се случи така што оние, кои се’ уште ги бранат типичните конзервативни вредности да бидат обвинети во екстремизам, фашизам и популизам.
Враќањето на германските демохристијани во центарот, па дури и лево од него, им овозможи да управуваат со левицата. Но, од друга страна, тој потег ги натера многу десничарски гласачи да ја дадат својата поддршка на друг политички субјект (“Алтернатива на Германија”). Сега, “Алтернатива” ја има можноста да стане главна опозициона сила. Таа и понатаму ќе го намалува влијанието на традиционалната германска десница.
“Либералниот консензус”, во кој левичарската доктрина беше прифатена од десното крило, доминираше во европската политика. Меѓутоа, овој консензус, сепак, сериозно се распука во последниве години. Ставот кон руската агресивна надворешна политика беше пасивен. Нео-султанот на Турција беше толериран. Милиони “бегалци” од Африка и Блискиот Исток беа пуштени на европска територија со идејата за мултикултурно збогатување на континентот, без да се земат предвид огромните ризици, што доаѓаат со тоа збогатување. Сето ова доведе не само до компромис во либералниот консензус, туку и самата европска идеја беше доведена во прашање. За среќа, во повеќето европски земји разочарувањето од либерализмот не доведе до силно антиевропско чувство , но се бараат начини за промена на патот што го презеде Европа. Германија и Франција, се главната движечка сила зад тие паневропски процеси.
Идната коалициона влада ќе се соочи не само со опозиционите критики на Алтернативата за Германија, туку и за конкуренцијата на владата во соседна Австрија. Ако германската “голема коалиција” е симбол на либералниот консензус, тогаш коалицијата меѓу австриските Народна партија и Партијата на слободата е симбол на новосоздадениот “конзервативен консензус”. Двете влади во земјите од германското говорно подрачје во ЕУ се претвораат во два натпреварувачки модели за иднината на Европа.
И додека едниот е веќе силно компромитиран, другиот допрва треба да покаже како ќе се справува со националните и паневропските предизвици. Во секој случај на фрау Меркел ќе и биде потешо од кога и да било …
Автор: Димитар Петров/ www.misal.bg

