| |

„Големата“ руска литература на перверзијата, на болеста и на безнадежноста

Пишува: Виолета Радева специјално за Faktor.bg*

Европа како култура, Европа како менталитет е недостижна за мрзливиот и збунет руски ум.

Најновата освојувачка војна, започната од Руската Федерација на 24 февруари 2022 година, против суверена Украина, повторно ги разгоре страстите за „големата руска литература“ и нејзината улога во обликувањето и образованието на поданиците на Северната империја, без разлика како таа се нарекувала во текот на вековите и дали била управувана од автократски сатрап, болшевички џелат или авторитарен припадник на КГБ. Злосторствата врз цивилите извршени од руски војници во окупираните украински градови и села од кои беа протерани деновиве ја зачудија и ја згрозија светската заедница. Според последните податоци на светските медиуми, потврдени од премиерот на Украина Денис Шмигал, руската армија целосно се повлекла од три украински региони: Киев, Чернихив и Суми.
Тоа во суштина е неуспехот на главниот план за „блицкриг“, развиен од Врховната воена команда на Руската Федерација. Неуспех на најавената задача на Путин да ја освои и окупира цела Украина со цел да го „денацифицира“ и „демилитаризира“ својот суверен сосед. Руската армија не само што не успеа, туку претрпе многу сериозни загуби. Каков е маштабот на загубите е тешко да се даде објективна проценка, бидејќи Кремљ молчи за истите, ги негира и само сателитските снимки ја покажуваат напуштената, изгорена, зарѓана руска опрема во близина на Киев.

Не постигнаа успех, но постигна невиден успех во однос на извршените ѕверства врз цивилното и беспомошно население, во грдотијата, во разобличувањето на она што навистина е Русинот – ѕвер од оние, предпотопните. Од оние диносауруси, бронтосауруси и други примитивни ѕверови, без траги од мозочна активност, кои поседуваат само огромно, бескорисно тело, што уништува се што ќе наиде на патот …
Не постигнаа успех. Но успеаја да достигнат до тоа целиот свет да се згрози од нив. Покрај шокантните снимки од изобличени и распарчени трупови, до светската јавност стигна и страсниот, лут, но толку длабоко потресувачки текст на Олена Пшеничка од Киев за „големата“ руска култура и „големата“ руска уметност.
Ќе ги цитирам некои од пасусите:

Секој пат кога ќе почнете да зборувате за големиот руски балет, јас ќе ви ја раскажам приказната за жената која повеќепати била силувана пред очите на нејзините родители, а потоа ограбена од руските изроди – младата учителка од Бровари. За стотиците, можеби илјадници силувани Украинки, често пред нивните мали деца. За 15-16 годишни деца од Бородјанка, силувани од кадировците донесени од Русите. За телата на 5 девојки, силувани и фрлени на пат, за она одвратно „ќе ги ебеме хохлушките“. Еве што ќе кажам како одговор на нивниот неверојатен руски балет.

Секој пат кога ќе почнете да ми зборувате за големите руски композитори, ќе ви ја раскажам приказната за девојчето чија мајка починала од глад пред очите на нејзиниот брат во подрумот на Мариупол, по чија смрт со недели се криеле од бомбардирањата. За момчето од Гостомел, пред чии очи руските војници го застрелале неговиот татко, а потоа се обиделе да го убијат и него, но тој за чудо преживеал. За девојката која беше застрелана во лицето. За момчето, кое заедно со баба му избегало со чамец, таа се удавила, а веќе еден месец, никој не знае каде е момчето . Еве што ќе ви кажам како одговор на приказните за големите руски композитори.

Секој пат кога ќе ми кажете нешто за големото руско сликарство, јас ќе ви раскажам за Украинците застрелани во грб во регионот Макаров, чии раце биле врзани позади од орките. За стотиците трупови на улиците Буча, Ирпин и Гостомел! За масовните гробници во дворовите на куќите на цивилите кои мирно живееле дома во 21 век до доаѓањето на руските орки. Еве што ќе ви одговорам за големото руско сликарство.

Секој пат кога ќе почнете да ми зборувате за големиот руски театар, јас ќе ви ја раскажам приказната за една жена од Бровари, од чиј дом руските орки ги украле циглите. За тенковите и оклопните транспортери на „втората армија во светот“, полни до врвот со украденото од украинските домови. Украдени телефони, телевизори, компјутери, машини за перење, дури и тенџериња, килими, играчки и чевли – се што овие пијани изроди го виделе на својот пат. А по нивното срамно бегство во Белорусија, тие одржале аукција за да го продадат украденото од украинскиот народ. Еве што ќе ви кажам како одговор на приказните за големиот руски театар.

Секој пат кога ќе ми кажувате за големото руско кино, јас ќе ви раскажам за брутално застреланите коњи во штала кај Киев, за животните измачени од глад и жед во зоолошката градина во Јасногородка. И максималното варварство – за убиеното и изедено куче Алабај од лудите пијани руски орки. Тоа ќе биде мојот одговор на вашите приказни за големото руско кино.

Секој пат кога ќе ми кажувате за големата руска литература, јас ќе ви раскажам за десетиците и стотиците прислушувани разговори на руски војници со нивните мајки и сопруги, во кои нема ништо друго освен цинизам и пцовки. Разговори во кои сопругите на пијаните војници им кажуваат што да ограбат од украинските куќи. Разговори во кои нивните мајки се смеат кога нивните синови им раскажуваат како други војници силувале Украинки. А ако се тргнат сите пцовки од разговориве, ќе останат само „здраво“ и „чао“. Еве што ќе кажам како одговор за големата руска литература.

Веќе нема никаква руска култура, литература, кино, сликарство, театар или балет. Има земја на изроди, ограбувачи, силувачи и убијци. Диви суштества за кои нема место во цивилизираниот свет! А „долготрпеливите“ новопечени руски дисиденти во пријатни станови во Берлин, Лондон, Ларнака, Милано, Виена и другите привремени засолништа, нека одат по патот на рускиот воен брод (на хуј). Гордо ја носејќи ја во нивните испотени рачиња руската култура.

Ова е крикот на тоа што е видено со сопствените очи, на лично доживеаното, што одекна низ целиот свет, тоа е плачот на Елена од Киев

Колку и да го пика својот нос во хартиите од кои рускиот претставник во ОН ги кажува своите лаги, колку и закани и обвинувања да упатат кон украинските војници Лавров и Захарова, Песков и остатокот од криминалната врхушка во Кремљ, тие не можат да го замолчат гласот, плачот, клетвите и гневните викови на силуваните девојки и жени, на мајките чии деца се убиени, на татковците пред чии очи руските војници ги исмеваа нивните ќерки, сестри и сопруги! “Проклети да сте!” – оваа заклетва одекнува и го компресира воздухот на небото над Украина. “Проклети да сте!” – рикаат водите на украинските реки. “Проклети да сте!” – повторуваат изораните од гранати, тенкови и ракети, засадени со смртоносни остатоци од руските касетни бомби, украински полиња, црни како смрт, изгорени како човечка мака без дно… Ако светот остане глув на овие офкања и клетви, Господ ќе ги чуе. Господ ќе ги слушне и ќе ги казни убијците садистите и разбојниците!

За голема почит е фактот што сајтот Faktor.bg објави интервју со Олена Пшеничка, која раскажува застрашувачки детали за злосторствата на Русите врз цивилното население и целосното уништување на цивилната инфраструктура, целосниот колапс на украинските градови и помали населби. Тие бомбардираат болници, породилишта, училишта, театри, цели населби. Тоа го прават мужиците со оние што Путин ги нарекува „браќа“ кои сака да ги „ослободи“ од „националистите“. Затоа што немало Украинци, тие биле Малоруси или Руси – еден народ. Така прават руските војници, носители на вредностите што во нив ги воспитала „најголемата и најхуманата литература“!

Поткупени политичари и зомбија заслепени од атавистичка русофилија се обидуваат да сугерираат дека една работа е владејачката елита на Кремљ, без разлика дали е тоа Руската империја, Болшевичкиот СССР или денешната Руска Федерација на Путин, а сосема друго нешто е митскиот „руски народ“ кој имал „широка душа“, а исто така бил и „универзално одговорен“, бил нешто незамисливо за умот. Различни капацитети тврдат дека руската литература била „голема“, „недостижна“, „учителка на народите“. Руските писатели не спаѓале под „генијалците“. Посебно Ф. Достоевски, кој бил најгенијалниот. Што претставуваат таму некакви писатели како Шекспир, Гете, Сервантес, Балзак, Иго итн! Не само тоа, туку бил и најголемиот хуманист, мудрец пророк!

Одвратноста што ја почувствував при мојата прва средба со делата на Достоевски, како и амбицијата да разберам зошто моите колеги литератори се онесвестуваат поради разните Сончета Мармеладови и Девушкиновци, додека кај мене ствара одбивност, згрозеност и шок опишаниот со таков восхит живот на едни ментално болни, изопачени човечки суштества, беше поттикот уште од самиот почеток на моите студии на Софискиот универзитет да ги прочитам сите негови префалени романи. Моето постепено запознавање со руската и советската литература трајно го зацврсти моето уверување дека таа литература е литература за перверзијата, болеста и безнадежноста.

Секој што го прочитал, на пример, романот на Гончаров „Обломов“, ќе разбере за каков типичен руски егзистенцијален проблем станува збор. Во текот на 45-годишното отворено болшевичко владеење, романот на Гогољ „Мртви души“ се изучуваше во бугарските училишта. Не знам дали е уште на програма по литература во гимназијата. Иако е Украинец по националност, Гогољ се смета за еден од најголемите руски писатели. Во неговиот познат роман, тој пресоздава типични руски ликови и ја опишува типичната руска реалност – бирократична, злобна, создадена од духовно сиромашни и мрзливи, пијани мужици. Нема ниту еден светол лик, ниту една книжевна слика што отвора прозорец кон позначаен, почист, подостоинствен живот.

Поетот Александар Блок ужива посебна почит заради неговото приклучување кон „револуционерната, болшевичка“ линија во руската поезија, чиј најистакнат претставник е Владимир Мајаковски. Неговата песна „Дванаесет“ е пофалена како апотеоз на болшевичката револуција. Ќе цитирам неколку редови од неа:

„Черное, черное небо
Злоба, грустная злоба
Кипит в груди…
Черная злоба, святая злоба…” 

Во истата песна Блок пишува дека дванаесетте болшевици, носители на новиот, светол живот, чекорат, подготвени на се, без да чувствуваат никакво сожалување, а нивните челични пушки ја гаѓаат Катја „стервата“, кукавиците „буржуи“. ” Болшевиците, вооружени со австриски пушки, добиле друга забава:

„Запирайте етажи,
Нынче будет грабежи!”

А еве ги стиховите што го будат ентузијазмот и гордоста на Русите, без разлика дали биле современици на Блок и ограбувале за време на болшевичките злосторства, или денешните поддржувачи на елитата на Кремљ, кои имаат намера да ја вратат империјата во нејзините стари граници:

„Мы на горе всем буржуем
Мировой пожар раздуем,
Мировой пожар в крови – 
Господи, благослови!”

Во истата 1918 година, кога Блок ја напишал песната „Дванаесет“, се појавила неговата песна „Скити“. Во песната авторот јасно и недвосмислено ја опишува вековната омраза на великоруските интелектуалци кон Европа, која тој ја нарекува „стариот свет“ осуден на пропаст. Уште првите стихови се индикативни:

„Мильоны – вас. Нас – тьмы, и тьмы, и тьмы.
Попробуйте, сразитесь с нами!
Да, скифы – мы! Да, азиаты – мы, –
С раскосыми и жадными очами!”

За Блок, Русија е Сфингата, која е покриена со црна крв и гледа кон Европа „и со омраза и со љубов“. Русија и завидува на Европа за сè: за генијалноста на Германците, за галските научници, за свежината на Венеција, за катедралите во Келн. Завидува и мрази. Дивата азиска бура раѓа стихови од кои човек се згрозува:

„Мы любим плоть – и вкус ее, и цвет,
И душный, смертный плоти запах…
Виновни ль мы, коль хрустнет ваш скелет
В тяжелых, нежных наших лапах?”

„Дојди кај нас! Повикува Блок. Дојдете во нашата „мирна прегратка“, а ако не дојдете, ќе станете жртва на „нашето предавство“, ќе ја свртиме кон вас, вели поетот, „својата азиска муцка“. За да нема сомнеж за тоа какви идеи исповеда еден од најпочитуваните руско-советски поети, само ќе забележам дека во 1919 година, во својата статија „Уривањето на хуманизмот“, Блок тврди дека Русија допрва треба да одигра „голема улога. ” Дека музичките акорди на руската „сурова природа“ / А. Блок / отсекогаш звучеле во ушите на Гогољ, Толстој, Достоевски. Човечката цивилизација го завршила своето движење, а дошло времето „човекот уметник“ да може „да живее жедно и да дејствува во расплетот на ветрови и бури кон кои човештвото неконтролирано се стреми“.

Дури и овие површни редови оставаат впечаток дека најдоброто од руската фикција е всушност премногу далеку од хуманизмот, тоа е израз на суровата руска природа и ја фали оваа суровост. Ова е литература што ја велича освојувачката политика на руските автократи уште од времето на Иван Грозни – одвратен садист, убиец, облечен во неограничена моќ, изрод, а не човек. Но, оваа литература со не помала страст ги прослави и сатрапите Ленин, Сталин, Џержински, Будјони, болшевиците, кои дигнаа во воздух илјадници цркви и манастири, убија десетици илјади монаси и свештенство, застрелаа стотици илјади селани за да им ги одземат земјата и лебот…

Европа како култура, Европа како менталитет е недостижна за мрзливиот и збунет руски ум

Одбранбената реакција на руската и болшевичка Русија е да го мрази она што го нема и не може да го има. Русите живеат надвор од времето и, во извесна смисла, надвор од просторот. Тие се како африкански скакулци. Откако ќе ја опустошат една територија и ќе ја претворат во пустина, место на тага и одвратност, тие ги напаѓаат и соседните територии… Војните, насилството, теророт, суровоста се вековните средства за ширење на дивите азиски орди.

А светот стои и гледа… До кога?!

* Д-р Виолета Костадинова Радева, дипломира на Бугарска филологија, а по-касно и Филозофија на Софискиот универзитет „Св Климент Охридски“. Докторира на Институтот по филозофија на БАН во катедрата по Естетика. Новинарка, публицистка и авторка на сценарии за документарни филмови. Била соработник во голем број бугарски весници и списанија.

Слични Објави