|

Горат шуми и ниска вегетација во Велес, Македонски Брод, Василево

Во моментот на територијата на државата активни се вкупно три пожари, информираше Надица Вчкова во име на Главниот штаб за управување со кризи.

Во Општина Велес гори кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, со два крака: еден кон с. Иванковци и друг кон с. Крушје (мешана шума). Во текот на денот тука беа испратени две специјализирани возила со екипаж на Дирекцијата за заштита и спасување и 30 припадници на Армијата.

Пожарот кај Општина Македонски Брод се протега помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, кадешто гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација. На терен дејствуваат двата ертрактори.

Во Општина Василево, кај селото Нивичино, кадешто е зфатена нискостеблеста шума.

Пожарот кај Николич, Дојран, е ставен под контрола, а кај Чучер Сандево е целосно изгаснат.

Надлежните апелираат на зголемена внимателност, да не се пали оган на отворено, да не се фрлаат догорчиња, и да се почитува забраната за движење во шуми. Maкфакс

Слични Објави