Град Скопје распиша втор оглас за приватни превозници
Градот Скопје објави втор оглас за избор на приватни превозници, овој пат за линиите 9, 11 и 12. Претходно Градот распиша оглас за избор на превозници само за линиите 20 и 22.
За линијата 9 се бараат 15 автобуси и 31 возач, за линијата 11 пет автобуси и 10 возачи, а а линијата 12 осум автобуси и 18 возачи, пренесува САКАМДАКАЖАМ.
Огласот е ист како пред една година кога Градот предводен од Арсовска потпиша договори со „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ на две години.

